
Верушевски: Бомбите завршуваа во СДСМ а не кај мене
Ексразузнавачот и актуелен советник на премиерот, Зоран Верушевски ја минимизираше својата улога на патот на бомбите од УБК до СДСМ.
Како сведок во „Таргет Тврдина“ тврдеше дека документацијата, како што ја нарекуваше цело време, од свиркачите Ѕвонко Костовски и Ѓорги Лазаревски завршувале во СДСМ а не кај него и на негово име и презиме. Со целата документација управувале партиските претседатели, односно тие носеле стратешки одлуки како понатаму. Увид прво имал Црвенковски додека бил лидер а потоа и Заев. Верушевски како надлежен за безбедносната политика во СДСМ ги анализирал. До апсењето во 2015 имал контрола на материјалите, но за потоа не гаранитра.
Што се случувало после, што се случува денес, не знам. Факт е дека таа документација доживеа стравотна модификација и компромитирање и сето тоа се случува по моето лишување од слобода, сведочеше тој.
Првите информации за нелегално прислушување рече дека ги добил кон крајот на 2010 година, кога се вратил од Италија. Верушевски сведочеше дека Лазаревски доставувал документација во партијата уште предходно а потоа продолжил да комуницирал и со него. Со Лазаревски ја прекинал комуникацијата затоа што во истрага дал невиситинити информации за него и за сопругата.
Обвинителот прашуваше и дали бомбите се од нелегално прислушување во УБК, а поранешниот разузнавач рече дека тоа може да го каже надлежна институција со вештачење.
Тој на излегување од судот не сакаше да даде изјава со образложение дека исказот не му е завршен.
Помалку од еден час траеше распитот на обвинителот Артан Ајро на третиот клучен сведок Верушевски. Следното рочише на ред е одбраната да поставува прашања па може да се соочат двајцата поранешни шефови на тајната полиција Верушевски како сведок и Мијалков како обвинет.
Обвинителите од СЈО во август 2018 кога го претставуваа обвинението за масовното прислушување рекоа дека Костовски, на це де и УСБ преземал прислушвани разговори од компјутерите на УБК и ги предавал на Ѓорги Лазаревски, кој пак му ги предавал на Зоран Верушевски за така да завршат кај Заев. На овој начин обвинетите незаконски следеле комуникации на 4.022 корисници на телефонски броеви.
Елена Ивановска Мукоска