
Верници на плоштадот „Македонија“ во очекување на пораката од папата Франциск
Плоштадот „Македонија“ е полн со верници во очекување на пораката од папата Франциск. Луѓе од целиот регион, но и од светот минаа долг пат за да дојдат и да го видат папата, кој е во посета на нашата земја. Некои го гледаат првпат, а некои едноставно го следат каде и да оди. Нивните очекувања се дека папата ќе испрати порака за мир и љубов, која ги обединува сите.