Венецијанска комисија предлага допрецизирање на постапката за одговорност на судии

Венецијансата комисија препорачува четири измени на законите за судови и за судски совет.Ова произлегува од денешните состаноци на министерката Рената Дескоска со членовите на Венецијанската комисија во рамки на 116 Пленарна сесија.

Според мислењето на Венецијанската комисија, последните измени и дополнувања на Законот за судски совет и Законот за судови се оценети позитивно, но се укажува и на потребата од понатамошно подобрување на текстовите на законите, соопштуваат од правда.

Се препорачува и дополнително изменување и дополнување на законите со цел нивно појаснување:

– Во Законот за Судски совет треба да се наведе кој ја има функцијата на филтрирање во новиот систем за дисциплински постапки.

-Треба да се допрецизира дисциплинската постапка и постапката за одговорност на судиите,

– Да се прецизира разликата направена помеѓу нестручно и несовесно вршење на судиската функција и она што претставува сериозен дисциплински престап. Законот мора да нагласи дека разрешувањето на судија за професионална грешка е можно само ако се исполнат два предуслови: вината на засегнатиот судија (водејќи сметка за намерата на дејствието или очигледноста на небрежноста) и тежината на грешката и нејзините последици.

– Венецијанска комисија препорача и укинувањето на основот за разрешување на судиите доколку се утврди повреда на Европската конвенција за човековите права.

Дескоска, како што информираат од министерството за правда, изразила подготвеност на Владата за имплементација на препораките но укажала и на потребата од 2/3 мнозинство во Собранието за усвојување на понатамошните измени на Законот за судови.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ