Велковски: Лазаров е незаменлив, ќе се обидам да му се приближам

Мартин Велковски доби шанса да ги искаже своите кваитети на Европското првенство во Хрватска. По повредата на Кире Лазаров, 20-годишното десно крило на Металург одигра два добри меча, но изјави дека е невозможно да се замени играч од таков калибар на таа позиција.

„На последните две средби ние помладите добивме поголема шанса. Тоа делумно функционираше добро, како во првите полувремиња со Чешка и со Данска, но вечерва во продолжението снемавме сили и се случи тоа штои се случи. Се надевам дека не ја разочаравме македонската публика со настапот на ЕП. Добив можност да играм место Лазаров, но тоа е играч кој речиси невозможно е да се замени. Само можам да се надевам дека со напорна работа во годините кои доаѓаат ќе успеам барем да се приближам до неговиот квалитет, знаејќи дека сите се навикнати од мојата позиција да се постигнуваа по десетина голови“, изјави Велковски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ