
Велигденскиот карантин почнува денеска во 16ч , а ќе трае до вторник до 05 часот
Попладне во 16 часот почнува 85 часовниот полициски час за сите граѓани на територија на целата држава.
Забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на претстојниот христијански празник Велигден, ќе трае до 21 април 2020 година (вторник) до 05:00 часот.
Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите околу верските храмови за време на претстојниот празник.