Велешка конфекција стана ново жариште на Ковид 19 во Велес

Велешка конфекција за само десетина дена стана нов кластер на новозаболени од коронавирус во градот. Само денеска од деветтемина регистрирани, седуммина се роднини на заразени вработени во текстилниот погон.

И во претходните два денови исто така голем дел од новозаболените беа или вработени таму или нивни семејства.

Според државниот инспекторат од вкупно 200 работници, 16 се позитивни на вирусот а се следат уште 50 нивни контакти. Првиот случај е регистриран на 24 април, а една недела подоцна конфекцијата е затворена.

И министерот за здравство Венко Филипче вели дека сега инспекторатот ќе истражува дали се почитувале мерките и препораките за начинот на работа.

Инаку за само три денови има 18 нови случаи во Велес, што е една петтина од вкупно 95 од стартот на кризата. Сепак властите се убедени дека простор за паника нема бидејки се следат сите контакти и велат кругот на забоелни од конфекцијата е затворен.

Еден од новозаболените е член на советот на општина велес.  Двајца кои не се поврзани со конфекцијата пак се пензионери којшто во својата епидемиолошка анкета рекле дека никаде не излегувале освен до продавница и аптека. Изворот на нивната зараза за сега е непознат.

Велес во изминатото денонокие има и еден починат кој бил на инфективното одделение во тешка состојба неколку денови, а вчера починал на пат кон клиниката во скопје.

Во моментов активни случаи во градот се 47, а 21 се хоспитализирани.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ