
Велешани со жив штит ќе спречат рудникот Превалец да работи без дозвола
Рудникот Превалец кој сега е во сопственост на Техно павер ги разгневи жителите на Велес. На јавната расправа на која се презентираше проектот за добивање на А интегрирана дозвола жителите се побунија дека фабриката за вар од јуни работи, а инспекторатот не утврдил никакви активности. според жителите Се минирало без да се пријави, куќите им биле оштетени, а испуштена е и отпадна вода со варовник во реката Тополка која предизвикала помор на риби. Стендап
Операторот, рудникот го добил со наследена дозвола за усогласување, а парите од концесијата се легнати на државна сметка. Пренесена им била и А дозвола од претходниот концесионер, но второстепена владина комисија им ја одзела со поднесена жалба и од општина Велес. Се постави и прашањето зошто инспекторатот не реагира,а во барањето има повеќе недостатоци.
Од министерството за животна средина на жителите кои се подготвени и за протести и блокади им беше понудено само да ги испратат сите свои забелешки.
Во жолчната расправа, екологистите и жителите истакнаа дека е загрозено здравјето на 5000 жители во околината на Превалец. На дебатата немаше претставник од раководството на Техно Павер, ниту пак од државниот инспекторат за животна средина. Правникот на операторот немаше одговори на присутните.
По јавната дебата вработени од Технопавер не убедуваа дека рудникот не работи туку само дека објектите и механизацијата се реновира, а камионите кои влегуваа и излегуваа додека снимавме носат материјали од залихата. Не сакаа да говорат пред камера, туку обвинија за политичка мотивираност на дел од екологистите и поранешни вработени за Техно павер да биде спречен во инвестицијата.
Христијан Станоевиќ