Велес има нов загадувач, министерството не реагира

388 Ова е само еден од камионите во каменоломот кој се наоѓа издигнат меѓу Велес и населбата Превалец. Варовницата работи со полна пареа но со ист интензитет и загадува, тврдат жителите на најблиските куќи кои се на само стотина метри од рудникот. Со денови не можат да дишат од прашината која се крева, бучавата која се прави е прегласна, детонациите се прејаки, а печката која не се гаси воопшто дополнително загадува тврдат тие.

Мерната станица која го мери присуството на ПМ 10 честички  а е близу до каменоломот не работи со години, но екологистите тврдат дека и без тоа загадувањето се чувствува.

Жителите обвинуваат дека најголемите загадувања се за викенд и навечер кога инспекторите не работат. Во саботата детонацијата била толку јака што дел од постарите куќи се распукале.

Веднаш до каменоломот е реката Тополка која подолу се влева во Вардар, а во која во неколку наврати имаше помор на риби за кои имаше сомнежи дека се токму поради варовникот кој се исфрла таму.

Техно павер е фирмата која стопанисува со каменоломот. На интернет страницата на министерството за екологија може да се најде документ од април годинава на кој е потпишан министерот Садула Дураку, а со кој еколошката дозвола од старите сопственици ус констракшн се префрла на новите технопавер. Но градоначалникот на Велес, Аце Коцевски тврди дека ова е незаконски и токму поради тоа сега новите сопственици се во процедура за вадење а интегрирана дозвола за која е надлежно министерството.

Од министерството и покрај обидите не добивме одговор. Нема одговор ниту од инспекторатот за животна средина бидејки директорот Фејзула Спахија е на пат. Велешани пак се на нозе, ако не престане загадувањето најавија протести слиични на оние против Топилницата.

 

Билјана Николовска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ