
Ведрата страна на политиката
Реални и празни ветувања, чочеци, навреди, конфликти и помирувања. Вака некако течеше годината во заминување. Но и со лапсуси! Психолозите би ги протолкувале како говор на потсвеста.
Референдумот не беше пресуден во случајот „уставни измени“. И покрај бројните селфи, гушкања и ракувања со граѓани од еден во друг град, на крајот на помош сепак беа повикани пратениците: еден по еден или во група, со убедувања и ветувања, бидејќи за нив, нема разрешувања. Иако тоа може да биде интересна идеја.
Многумина ќе изреагираат: Не е за смеење! Па дежурните пишувачи на новокомпонирани стихови ќе го употребат целиот арсенал на погрдни, за некого, патриотски етикети.
Во политиката, тешко на оние што се емотивни, па од силни емоции – грешат, мешаат, го бараат вистинскиот збор – а тој, во тефтерчето со говори.
Погрешна е асоцијацијата на тунелот со темница. Не, таму има и чочек.
И Законот за јазиците ја чека 2019-та. За два јазика треба-два потписа. Но, добриот збор се разбира – и со превод и без превод.
И лошиот збор се разбира – и со превод и без превод.
Во другите денови, во Собрание може да биде и здодевно. Особено ако седницата доцни. Овој поздрав за новинарите и снимателите доаѓа од вечниот Амди Бајрам. Пратеник е 18 години бидејќи секогаш знаеше да ги одбере вистинските позиции: мнозинската и владеачката.
Соња Николовска