Вчера на плоштад се славеше успехот на Вардар, денес ракометарите ќе го донесат пехарот во Скопје

Вардар е на врвот на Европа. Кај букмејкерите беа гледани како аутсајдери покрај тимови како Барселона, Веспрем и Киелце. Во нив веруваа само навивачите кои вчеравечер по победата веднаш се собраа да прослават на плоштадот. Тие не само што се надеваа туку за нив победата на Фајнл-форот во Келн била дури и очекувана.

За Вардар ова беше трето последователно учество на Фајнл фор турнирите во европската ракометна елита. Вардарци знаат како е да се освои славниот пехар, еднаш предводени од претходникот на Парондо, Раул Гонзалез.

Победата на Вардар во финалето, резултатски тесна, но доволна, не помина без реакции од сите страни.

Капитенот Стоилов порача дека за натпреварите биле подготвени, а сега се фокусираат на прослава на големиот успех. Тренерот Парондо им честита на своите играчи за тоа како изиграа во тешките моменти за нив и за клубот.

Хрватски „Индекс“ пак, се пофали дека за победата голема заслуга имаат хрватите Карачиќ и Чупиќ како едни од најважните играчи на теренот, па напишаа наслов „Гордоста на Македонија се распадна, но за крај предводен од хрватите ја покори Европа“.

Иднината на Вардар останува нејасна, но навивачите од плоштадот порачаа дека ќе го паметат овој успех.

 

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ