Василевски гледал спас во Иванов за 27-ми, а Тарчуловски во Мицкоски

Пратеникот василевски мемориран во телефонот на Јохан Тарчуловски како докто сашо Василевски за 27 април се подготвувал уште на 12 ти. Во вибер комуникација на колегите пратеници им посакал добро утро и им пишува.

„Ќе е подобро денеска да ојме во собрание без кравати (да не ни сметет)“, пишува Сашо ВАсилевски. 

„Саше подобро е да ја имаш за да ја фрлаш како ласо. Навежбај се“, му пишува пратеникот Димитар Стевананџија.

Но дури на 27-ми април Антонио Милошевски ги известил дека тој е денот кога како што пишува „Комуњариве ке бираат претседател. Додека се избира претседателот следиш што точно прават пратениците на СДСМ“ а откако влегол народот во Собрание вибер комуникацијата покажува дека и дел од пратениците на ВМРО ДПМНЕ биле исплашени. Но на 29 ноември 2017- та кога дава изјава пред обвинител и чека одлука за притвор Василевски им пишува на колегите.

„Излегов ама до петок мора да се направи притисок кај Претседателот Иванов, само Ѓорѓе може ова лудило да го реши“.

Комуникација на вибер меѓу Јохан Тарчуловски и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски открива дека токму во преговорите со СДСМ Тарчуловски гледа спас за сите обвинети не само за пратенициите.

„Ние го направивме нашето, сега на него е ред, ние сме завршиле, ми врати позитивен одговор, пишува Мицкоски.

„Не рекле џабе старите, несуден арамија ЗЗ посилен од кадија“ пишува Милошоски.  

Овие пораки се и дополнителни докази на обвинителството од вештачењето на телефонот на Тарчуловски.

Како последен доказ беше пуштена снимка од тепањето на Зијадин села во која обвинителството потенцираше дека учествувале и обвинетите Вилијам Михајловски и Мунир Пепич.

Од понеделник ќе се презентираат и последните докази на адвокатите по што следат завршни зборови.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ