Вардар во тетовско Јегуновце ги претвора нивите во езера

Нивите во Општина Јегуновце полека исчезнуваат. Дел од нив се претворија во мали езерца, откако реката Вардар поради нерегулираното корито ја рони земјата.

Нивите во близина на реката не се обработуваат подолг перид. Земјоделците велат дека не сакаат да ризикуваат, ако знаат дека еден ден, земјата што ќе ја засадат ќе им плива во вода. Се обратиле и до градските и до централние власти, но досега никој не презел конкретни мерки.

Од Општина Јегуновце, се надеваат дека оваа година ќе се започне со регулација на коритото на реката Вардар во целиот полошки регион, проект преку кој ќе се обрати поголема внимание на ризичните места во Општина Јегуновце.

Реката Вардар во Општина Јегуновце речиси секоја година се излева од нејзиното корито, поплавувајќи ги земјоделските обработливи површини.

Во последно време ги рони брегови како во случајот со Копанце оставајќи ги земјоделците без егзситенција.

Властите веќе две децении ветуваат дека ќе го регулираат коритото и конечно проблемот ќе се реши. Но сликата на терен е сосема друга. Реката нивите ги претвора во мали езерца.

 

Зоран Димовски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ