
Вардар се договори со уште еден Бразилец
Данило Бала Соуза потпиша двогодишен договор со ФК Варадар, објави клубот на својата веб-страница.
Бала ќе игра како крилен фудбалер во „црвено-црниот“ тим, а доаѓа од екипата на Кампиненсе, каде што настапуваше во изминатите месеци. Бразилецот е третиот фудбалер од Бразил во скопскиот тим по Вилијан Лира и Виктор Јуфо.