Вардар и Страхиња Милиќ се разделија

Иако требаше да биде прв голман во новата сезона, Вардар неочекувано се раздели со Србинот Страхиња Милиќ, многу брзо по само неколку дена откако на таа позиција беше ангажиран неговиот сонародник Дејан Милосављев.

Двете страни, како што потврдија од таборот на „црвено црните“, спогодбено го раскинале договорот за соработка. Неофицијално причината за заминувањето на српскиот голман е прекумерната тежина која тој не успеал да ја намали во текот на летниот период. Клубот му дал договор со помала плата а тој го одбил.

Популарниот „Џамбо“ седум години ги бранеше боите на Вардар со кого ги постигна најголемите клупски успеси. Стана европски првак, четирипати ја освои титулата во СЕХА лихата, пет пати го подигна пехарот во домашното првенство, стигна до шест трофеи во националниот Куп, како и еден во Супер купот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ