
Вангеловски сведочеше за злоупотребите на АКМИС системот
Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски дваипол часа беше сослушуван во скопското обвинителството како сведок за злоупотребите со АКМИС-от. Што кажал не откри на излегување од обвинителстово.
Вангеловски не сакаше да коментира ниту за посебниот извештај на СЈО, каде Јанева го прозва дека непрофесионално и несовесно ја вршел функцијатано и дека во повеќе наврати изнесувал информации за судски постпаки.
Вангеловски излезе на главниот влез, но новинарите кои беа најмалку половина час пред распитот не го забележаа како влегува. Дали влегол од влезот кај подземните гаражи од каде само ограничен број на луѓе имаат клуч и пристап за влез, Вангеловски одговори кратко дека влегол од влезот од кај што се влегува во обвинителството.
Извори од скопското обвинителство уверуваа дека никој од таму не ја отворил вратата од влезот кај паркингот, но ниту официјален, ниту неофицијален одговор не добивме од Републичкото обвинителство и од државниот обивнител Љупчо Јовески.
Предметот за АКМИС-от е сеуште во предистражна постапка која беше отворена откако работната група од министерството за правда откри нерегуларности во Кривичен и Врховен суд од електоронскиот систем за делење на судски предмети. Во извештајот стоеше дека само за еден месец 9 пати бил менуван распоредот во највисокиот суд. До сега како сведоци без сослушани повеќемина, а како осомничен -екс претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски кој минатата недела три часа одговараше на прашањата на обивнителите.
Елена Ивановска Мукоска
https://youtu.be/57MTBwL9ClY