Вангеловски куртули, точката за негово разрешување одложена, Панчевски времено суспендиран

Претседателот на Врховен Јово Вангеловски ја преживеа денешната седница на Судскиот совет на чиј дневен ред беше неговото разрешување поради одлуката од пред две години за укинатиот притвор за бизнисменот Сеад Кочан, дознава Телма. 

На барање на новиот член во советот Миљазим Мустафа кој минатата недела беше избран од Собранието, точката за Ванголвски и уште една судијка од Врховен е одложена за по одморите. Мустафа побарал време да ги разгледа и проучи материјалите поврзани со оваа постапка, велат нашите извори во советот.

Денеска и Кочан го избегна денот „Д“ определен во упатниот акт како ден на кој треба да се јави во затвор за да ја одлежи казната од 4 години и 8 месеци. Кривичен се уште се нема произнесено по второто барање за одлагање кое го поднесе во понеделникот поради здравствени причини, откако минатата недела бил хоспитлаизиран во приватна болница. Од судот најавија дека судијата за извршување санкции  треба да направи проверка на  документацијата пред да одлучи кога Кочан треба да оди зад решетки.

Советот го суспендираше експретседатлеот на Кривичниот суд Владимир Панчевски  кој во мометот работи како судија на прекршоци. Одлуката за негово времено оддалечувањето од судиската фунција следува откако за кого неодамна обивнителството покрена обвинение за злоупотреби со АКИМС-от и советот отвори постпака за него.

Судскиот совет според изворите на Телма ја запрел постапката и за двајца судии од скопска Апелаиција кои донесоа одлука- разунавачите Груејевски и Бошковски да одат во Шутка, но дозволија жалбата пред Врховен да го одложи притворот по што обвинетите избегаа во Грција.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ