
Ванчо Шехтански со барање до Шилегов да го отстрани двоглавиот орел во Чаир
Лидерот на политичката партија ТМРО, Ванчо Шехтански, кој беше носител на функција во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, очекува скопскиот градоначалник Петре Шилегов да постапи по одлуката од февруари 2016 која претходниот градоначалник Коце Трајановски не ја спроведе, а која се однесуваше на како што вели „споменикот на УЧК“, кој е дивоградба во скопската населба Чаир.
„Петре Шилегов, со оглед дека Коце Трајановски како поранешен градоначалник никако не сакаше да постапи по моето решение од февруари 2016 од позиција на тогашен директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа за уривање на споменикот на УЧК во Чаир, постапи сега ти од позиција на градоначалник по истото, како денес за Ќосето и отстрани ја дивоградбата во Чаир“, напиша Шехтански на својот профил на „Фесјбук“.