„Ван хол“ не му дозволил влез на претседателот на МЕСО

На претседателот на Мултиетничкиот синдикатот за образование и индустрија, МЕСО, Драги Јовановски, денеска не му бил дозволен влез во Ван хол, странска компанија за производство на автобуси која работи во слободната зона Бунарџик.

Тој сакал да влезе во компанијата заедно со двајца инспектори, по поплаки од работниците на работници услови во фабриката. Јовановски реагира и дека во компанијата се врши притисок врз вработените да го напуштат синдикатот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ