
Валканите тоалети во студентските домови почнаа да се уриваат
Вчеравечер се урнал покривот, во тоалетот во соба 115 на првиот кат во Стив Наумов. Студентите кои се сместени таму во тој момент спиеле. Наутро требале да одат на факултет. Ги разбудил домарот кој дошол да провери дали има некаков проблем со чешмата во собата, затоа што во собата под нив студентите се пожалиле дека кај нив прокапува.
Собата се поплавила поради дефектот во тоалетот. Помогнал друг станар во домот во студентскиот дом, кој дошол и го сопрел вентилот за да престане да тече водата. Потоа, студентите самите се снаоѓале. Неколку часа ја чистеле собата од штетата која настанала.
Мајстори денес го санираа покривот во тоалетот. Студентите можат да спијат мирно – уверува директорот на Студентските домови, Дарио Николовски. Го обвини претходното раководство за негрижа и дека поради тоа се случуваат вакви непријатности во собите на студентите. Има желба да направи целосно нови згради за студентите, но засега само реновирање е возможно призна тој.
Студентите бараат целосно да се измени внатрешноста во Домот, но хигиената и валканите тоалети за сега им се најголем проблем.
Петар Догов