Вакцинацијата ќе се подобрува со едукација на родителите

Во јавноста се отвори широка дебата околу имунизацијата и нејзиното спроведување, а тоа ги подели и надлежните.

Од менаџерскиот тим на детската болница Козле сметаат дека имунизацијата треба да биде услов за децата да можат да одат на училиште.

Од Кабинетот на министерката за образование Рената Десковска, испратија порака до здравствените власти – да пронајдат други механизми со кои ќе ги едуцираат родителите и ќе го зголемат опфатот на имунизација. Тие велат  – децата не смеат да бидат изоставени од образовниот процес по ниедна цена.

Заменик-министерот за Здравство пак потенцира дека имунизацијата е родителско право, а не обврска.

Со ова, Министерството за здравство ретерира од својот претходен став, по изјавата на Филипче дека од септември – имунизацијата ќе биде услов за упис на децата во градинка и училиште, за што поддршка доби и од Комитетот за имунизација.

Македонија за минатата година бележи драстичен пад на опфатот на вакцинација кој изнесува 91 процент, иако за колективен имунитет потребно е над 95 проценти од децата да се вакцинирани. Имунизацијата во државата е регулирана со закон.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ