
Вајгл: ВМРО ДПМНЕ падна на тестот на зрелоста
Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент за МИА изјави дека опозициската ВМРО ДПМНЕ не го помина тестот на зрелоста на референдумот за Договорот со Грција и оценува дека однесувањето на оваа партија, заедно со претседателот Ѓорѓе Иванов, всушност крие обид да се заштитат оние кои го прекршиле законот.
„Има и неколку работи што не се транспарентни. Ми се чини дека ВМРО-ДПМНЕ со своето тактизирање сака да ги заштити луѓето кои го прекршиле законот, против кои има истраги и судски постапки, вели Вајгл.
Тој ја потсетува партијата дека за ЕУ тие прашања мораат да останат во рацете на судството, бидејќи “корупцијата и кршењето закони и насилството во Собрание не можат да се стават на страна.“
Вајгл вели дека ВМРО падна на тестот на зрелоста бидејќи заедно претседателот Иванов не ги ставаат интересите на државата пред оние на партијата. Според него Премиерот Зоран Заев има легитимитет да продолжи со барање мнозинство за уставните измени во Собрание, и фокусот го става на оние кои кажале “да“, а не на бојкотот.