
В понеделник седница на Советот за национална безбедност за состојбата со коронавирусот
Претседателот Стево Пендаровски за в понеделник свикал седница на Советот за национална безбедност со стандардниот состав ќе присуствуваат и министерот за здравство и началникот на ГШ на Армијата, на која ќе се разговара за состојбата со коронавирусот и мерките што стојат на располагање.
Тој на денешната прес конференција повика лидерите на партиите во наредните денови да ги преиспитаат ставовите за неодложување на изборите и водење кампања преку социјалните мрежи, затоа што, според него, спорен е и самиот изборен ден кој треба да се организира во вакви услови. На парламаентарните избори, рече Пендаровски, во просек гласаат над еден милион граѓани, а во нивната организација учествува 30-илјадна администрација.
Пендаровски ги повика лидерите на партиите да се наравратат на ова прашање во наредните пет до 10 дена.
Лидерите на партиите во наредните пет до десет дена повторно да се навратат на ова прашање, бидејќи на сите ни е кристално јасно дека апсолутен приоритет во оваа ситуација е здравјето на нашите граѓани, а не политичките или партиски интереси. И се разбира за тоа треба да има комплетен консензус. Не треба да се брза со таа одлука, меѓутоа ситуацијата објективно и околу нас и кај нас се усложнува во делот на ентузијазмот луѓето да гласаат, рече Пендаровски.