В петок нов Извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ

В петок, на 12-ти јануари, опозициската ВМРО ДПМНЕ треба да добие нов Извршен комитет. Членовите ќе ги номинира претседателот на партијата, Христијан Мицковски, а ќе ги избере Централниот комитет. По оставката на Никола Груевски, во оставка беше и Извршниот комитет. Се планира двата партиски органи да заседаваат истата вечер, дознава Телма.

Последните измени во составот на ова партиско тело беа во јули 2017-та. Мицковски беше избран за генерален секретар, а Извршниот доби нови членови: Ане Лашкоска, Богдан Илиевски, Никола Србов, Зеќир Рамчиловиќ и други. Членството го задржаа Илија Димовски, Антонијо Милошоски, Владимир Ѓорчев, Даниела Рангелова, Никола Попоски, Никола Тодоров и други.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ