
В петок ќе се знае дали се уважени жалбите околу тендерот на МЗ
Државната комисија за жалби по јавни набавки донела одлука по трите жалби за тендерот за набавка на реагенси за министерството за здравство. Што одлучила комисијата ќе соопшти во петок откако сите странки писмено ќе ја добијат одлуката. Адриамед, АД Д-р. Пановски, Авицена се трите компании кои пред повеќе од десет дена, напишале жалби до комисијата во кои навеле аргументи дека спецификациите за набавката на реагенси одат во корист на производите на фармацевската компанија АББОТТ единствениот апликант за тендерот во висина од 35 милиони евра. Тендерот требал да биде поделен на неколку помали набавки, а не во еден пакет стоело во жалабите.
Каква и да е одлуката ќе биде обврзувачка информираат од комисијата, а министерството за здравство ќе мора да ја примени. Жалбите датираат неколку дена пред министерот за здравство Венко Филипче да соопшти на медумите дека експресната евалуција на понудата на единствената компанија АББОТ открила недостатоци. Рокот за жалби по одлуката на Филипче да ја стопира постапката истече, а единствениот понудувач не поднел жалба. Минситерот за Телма вели дека до крајот на неделата ќе ја покаже неговата одлука за стопирање или поништување на тенедерот и одлуката на комсијата за жалби, и ќе ги соопшти наредните чекори на министерството со какви услови и по која цена во иднина ќе набавува биохемиски реагенси за испитување на крвта на граѓаните. На тендерот за централизирана набавка на биохемиски реагенси и апарати за анализа се пријави само Абботт од Германија, која е претставник на истоимената американска компанија. Како подизведувач на тендерот е наведена фирмата АХр Лаб, која е основана пред 4 месеци. Токму профилот на фирмата Ахр беше на удар на најголемите сомнежи за тендерот. Управител на фирмата Ахр Лаб е Александар Јовановски од Скопје. Тој е на одмор, а потврди дека новоформираната фирма Ахр не е учесник во тендерот, туку подизведувач, а на тендерот конкурирала меѓународната фирма Абот. Направил преддговор со АББОТТ за транспорт на материјалите за анализа. Тие му побарале нова и „чиста“ фирма која не учествувал на тендери затоа ја формирал пред 4 месеци . Доколку го добиеше тендерот за 35 милиони евра за три години фирмата на Јовановски требаше да купи лабораториска опрема и да ги транспортиа реагенсие и крвтта за биохемиски анализи на пациентите во државното здравство која според новите здравствени реформи ќе се одвива во 12 централизирани лаборатории.
Павле Беловски