В година за пензии ќе се потрошат 946 милиони евра

За исплата на пензии во буџетот за следната година се предвидени 946 милиони евра, дознава „Телма“ официјално од Фондот за пензиско. Оваа сума практично значи дека следната година ќе се исплатат 68  милиони евра повеќе од годинава за пензионерите. Проекциите на Фондот за пензиско веќе се вкалкулирани во Буџетот за наредната година, кој се чека деновиве да го усвои Владата.

Од ПИОМ објаснуваат дека проекциите ги правеле врз основа на  усогладсување направено според трошоците на живот и растот на економијата.

„Проекциите во Буџетот за 2020 година за пораст на пензиите се направени врз основа на проекциите за достигнатото ниво на пензии во последното полугодие во 2019 год. и макрекономските показатели за трошоците за живот за следната година  кои изнесуваат 1,3% за усогласување од јануари 2020 и 1% од  јули 2020 год.“-

Според проекциите на ПИОМ во декември следната година просечната пензија би изнесувала 15.012 денари, а бројот на пензионери би бил 327.125 лица.

Премиерот Заев во неколку наврати изјави дека ќе има огромјно зголемување на пензиите. Кажа и дека се работи на нова методологија, која треба да биде готова до крајот на годинава.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ