Ужасни услови во амбулантата Ѓорче Петров

Ова би можеле да бидат сцени од хорор филм. Сепак, овие сцени се секојдневие на пациентите од населбата Ѓорче Петров кои се лекуваат во оваа амбуланта во која функционираат неколку ординации како концесионери на Здравствен дом од Скопје. Ѕидови кои што се распаѓаат, дотраена инсталација, руинирани тоалети се секојдневие кое не е променето со децении.

Пациентите кои што овде се лекуваат не го кријат разочарувањето од условите во амбулантата.

Д-р Лидија Реџиќ е еден од педијатарите кои што работат овде.  Таа вели дека од кога е концесионер тука ништо не се променило иако пред секои избори ги слушале ветувањата на политичарите за приоритетно реновирање на оваа амбуланта.

Министерот за здравство Филипче уверува дека до септември ќе се најде модел со кој ќе се реши овој децениски проблем на пациентите во оваа амбуланта.

Неколкуте ординации кои работат во оваа амбуланта опслужуваат над 10.000 пациенти од населбата Ѓорче Петров.

 

Јордан Дуков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ