Увидот започна, избирачкиот список остана непрочистен

Започна увидот во Избирачкиот список но проблемите со неговото прочистување останаа. На списокот и натаму се впишани починати лица и  фантомски гласачи. ДИК се оградува од обврската за бришење или запишување во списокот.

Вината ја лоцираат кај граѓаните кои требало лично да дојдат и со соодветни валидни документи да докажат дека некој друг е запишан на нивната адреса на живеење. Ако тоа не го сторат и не реагираат списокот нема да претрпи промени . Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска вели дека избирачкиот спсиок го градат врз основа на податоци од МВР, Управата за водење матична книга и Основните судови.

Увидот во Избирачкиот список ќе трае до 23 август. Во него се запишани 1 805 700 граѓани. Граѓаните во овој период ќе може да ги проверат податоците преку веб страницата на ДИК или пак во подрачните одделенија и канцеларии.

Денеска започнува и пријавувањето на иселениците во дипломатско конзуларните претставништва како и на државјаните на Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. ДИК ќе отвори избирачки места во сите Декапеа каде за гласањ еќе с епријават над 10 избирачи.

Јулијана Лефковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ