
Увезено е свинско месо заразено со африканска чума – наместо во промет, заврши на депонија смируваат надлежните
Свинско месо заразено со африканската чума има во Македонија, но не од домашните кланици туку увезено со камион од странство.
Потекнува од Шпанија, а во земјава влегло од соседна Бугарија.
Ниту е пуштено промет, ниту постои опасност за свињите во Македонија, уверува првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Пратката којашто влегла од граничниот премин Деве Баир тежи 21 тон и 312 килограми. Инспекторите за храна веднаш постапиле по наредбата којашто им налага силни проверки на свинското месо коешто се увезува од надвор.
Присуство на вирусот кај свињите потврдија инспекторите за храна во Србија и во Бугарија. Оваа болест не се лекува, односно нема никаква вакцина која може да делува.
Кај нас надлежните прават засилени контроли на месото коешто се увезува. Воведоа и мерка за интензивен отстрел на дел од дивите свињи коишто се околу границите со соседните земји, поради опасност тие да ја пренесат болеста.
Петар Догов