
На ЦО предложени носителите на изборните листи на СДСМ
Телма ја дознава листата на носителите на изборните листи на СДСМ. Листата е влезена на Централниот Одбор, кој треба да ја потврди.
Според извори од партијата, во тандем, во ИЕ 1, одат Никола Димитров и Мила Царовска. Во ИЕ 2, Оливер Спасовски во тандем со Сања Лукаревска. Во ИЕ 3, носител е Љупчо Николовски, а втора на листа е Јагода Шахпаска. Во 4 ИЕ, носител е Зоран Заев заедно со Соња Мираковска. Во ИЕ 5, Радмила Шеќеринска и Јован Митревски, и во ИЕ 6, одат Билал Касами со Фаница Николовска.
СДСМ вечерва го одржува Конгресот, на кој ќе бидат потврдени и усвоени предлозите за носителите на изборните листи.