Утврден концептот по кој ќе се усогласуваат учебниците во Северна Македонија и Грција

Темите во учебниците во Северна Македонија и Грција за кои ќе се констатираа дека е потребна реинтерпретација за да се избегне формулација на иредентизам или анимозитет кон другата срана ќе се прави според принципите на УНЕСКО и Советот на Европа кои кажуваат како се пишуваат учебници.

Ова е дел од она што било усогласено на вториот состанок на мешовитиот комитет на експерти од двете земји за историски, археолошки и образовни прашања. Од Комитетот наведуваат дека на вториот состанок биле надминати концепциските разлики и оти и од двете страни имале разборање за позициите на другата страна.

„Во учебниците треба да се избегнува третирање на другата страна, едната спрема другата, во двете насоки, она што претставува анимозитет, она што претставува непријатност да се чуе и да се образуваат новите генерации“, изјави Виктор Габер, шеф на екпертскиот тим на Северна Македонија во Комисијата.

Суштинските прашања по учебниците за основно и средно образование ќе се разгледуваат на третиот состанок закажан за 12 и 13 април во Грција, откако двете страни си ги размениле сите книги кои се користат во образовниот процес. Македонската страна добила 37 пакети книги од кои се учи во Грција во основните и во средните училишта.

„Разгеледани се учебнициите по историја и географија и етика и социологија, за основно и средно образование. Историја и географија за основно и средно образование се најразгледувани иако тоа е огромен материјал и затоа и каснеше и двапати ги одложивме, на барање на грчката страна, состаноците“,  информираше Габер.

Според извори од мешовитиот комитет забелешките кои ќе бидат дадени од двете страни нема да значи дека ќе се исфралаат теми од учебниците туку ќе се прави нивна реинтерпретација. Освен за теми кои ги содржат учебнците ќе се разговара и за темите кои не се застапени во учебниците, а кои се важни за некоја од страните, како на пример граѓанската војна во Грција.

Според извори од Комисијата досега биле разгледувани теми поврзани со антиката, по што ќе следи средниот век, и потоа 19 и 20 век на кој ќе се посвети многу внимани, но тие се уште не се отворени.

Неизвесно е дали следната учебна година ќе започне со ревидирани учебници, бидејќи процесот не зависи исклучиво од работата на експертите, туку и од политиката која потоа треба да ги прифатат нивните забелешки и да ги имплементираат во образовниот процес.

Инаку биле разгледувани примерите како Германија и Полска или Германија и Франција ги надминале разликите во учебниците при интерпретациија на историските настани, што се смета дека ќе биде од голема помош за експертите.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ