
Утре во Охрид состанок на историските комисии на Македонија и Бугарија
Премиерот Зоран Заев денеска ќе се сретне со македонските историчари од мешовитата комисија на експерти кои треба да најдат заеднички јазик со бугарската страна согласно договорот за добрососедство со Бугарија.
Последните состаноци на оваа комисија завршија без успех, без договор за тоа чиј бил Гоце Делчев. Наредниот состанок треба да се одржи утре во Охрид.
Премиерот претходно кажа дека Бугарија има интерес од нашиот прогрес кон ЕУ. Тој укажа дека со досега постигнатиот договор на оваа комисија договорени се недоразбирања за шест историски личности и четири поглавја и дека верува дека ќе се најдат решенија во склад со билатералниот дијалог со Бугарија.
Од Бугарија доаѓаат инфомации дека нивната поддршка за македонската евроинтеграција нема да биде безусловна.