
Утре владина седница, директорските смени неизвесни?!
Министрите утре ќе се состанат, но дали ќе расправаат и за најавената смена на директорите на јавните претпријатија, се` уште не се открива.Владиниот портпарол вели дека, за тоа ќе биде одлучено на самата владина седница.
Премиерот деновиве најави дека, замислите за реконструкцијата во Владата се завршени, но неизвесноста околу датумот за преговори прави парламентарното мнозинство да не е толку спокојно дека ќе успее да се одржи и дека е можно и враќање на мандатот.
Доколку, пак, се` биде во ред, се очекуваат промени во директорските позиции, а министрите се чуваат за крај. На чекање е и пополнувањето на партиските функции во СДСМ, откако беа разрешени потпретседателите.
Заев задутре заминува за Берлин, каде се очекува да се сретне и со канцеларката Ангела Меркел, по што ќе се знае и судбината на преговорите, но и идните потези на премиерот.
Далиборка Демјанска