Утре треба да се поднесат ценовниците за медиумско претставување

Најдоцна до утре треба да се поднесат ценовниците и условите за медиумско претставување. Собранието ќе има привилегиран пристап до услугите кои ги обезбедуваат радиодифузерите, печатените и електронски медиуми затоа што се јавува како овластен предлагач.

Останатите субјекти кои ќе сакаат да имаат свое претставување поврзано со референдумот ќе имаат пристап до услугите под пазарни услови, согласно правилата и политиките за платено рекламирање на секој медиум.

Од ДИК велат дека неискоритените термини, медиумот може да ги продаде на други субјекти, под услови договорени со оној кој го купил  терминот. Ценовниците и условите за медиумско условување, кои медиумите ги доставуваат до ДИК се однесуваат само за овластениот предлгач.

Сите останати ќе се договараат со соодветниот медиум под пазарни услови а искористените услуги ќе ги плаќаат од сопствени средства.Обезбедувањето дополнителни минути за емитување комерцијални пропагандни пораки е прашање кое медиумите треба да го договорат со Агенцијата за медиуми.

ДИК треба до утре да добие и одговор од Министерството за информатичко општество за доставување податоци за вработените во државната, јавната  и општинска администрација како и администрацијата на Градот Скопје.

По ова во рок од 5 дена, Дик ќе ги формира општинските изборни комисии. Со оглед на фактот што на референдумот ќе гласа и дијаспората, МНР е должно најдоцна до 7 август да ги достави бараните податоци за дипломатите вработени во дипломатско конзуларните претставништва.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ