
Утре почнува рекет, само Боки 13 судењето го стартува од зад решетки
На ден пред стартот на судењето за случајот Рекет, се поизвесно е дека Боки 13 ќе го започне процесот донесен од затворот во Шутка.
И денеска нема решение на неговата жалба за притвор. Скопскиот апелационен суд го доби мислењето од вишото обвинителство кое според неофицијални информации е негативно.
Тоа не се согласило на домашен притвор за Бојан Јовановски, но сепак апелационите судии ќе го имаат последниот збор. Но тие денеска не одлучуваа бидејќи пропадна јавната седница која претходно а бараше адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски.
Од апелација за Телма велат дека и утре нема да може да одлучуваат за приторот што би значело дека само тој од тројцата обвинети останува зад решетки. Вчера беше пуштен и од градската болница каде неколку денови му се вршеа испитувања. О
д болницата велат дека после прегледите му е препишана терапија и тој може да престојува в затвор. Инаку на обвинителна клупа, утре во Кривичниот суд, треба да седнат Бојан Јовановски, екс шефицата на СЈО, Катица Јанева, и Зоран Милевски-Кичеец. Според информациите претходно обид за спогодба со обвинителството имала само Јанева, но ставот на обвинителството бил дека за овој случај треба судски процес а не спогодба.
Утре тројцата обвинети ќе имаат можност да се изјаснат дали се виновни за делата кои им се ставаат на товар. Јовановски и Милевски се товарат за противзаконско примање награда, Јовановски додатно и за перење пари, додека Јанева за злоупотреба на службената положба.
Според обвинението Јовановски и Милевски успеале од бизнисменот Орце камчев да изнудат милион и пол евра а за возврат тој со помош на специјалната обвинителка да излезе од притвор.
Јанева земала награда од 50 илјади евра и мебел вреден 5 илјади.
На чело на судечкиот совет кој ќе го стартува процесот е судијката Васка Николовска Масевска.
Билјана Николовска