
ВМРО-ДПМНЕ нема да поднесат амандмани на законот за ЈО, утре нова средба
ВМРО-ДПМНЕ нема да поднесе амандмани на законот за Јавно обвинителство, откриваат извори од партијата за Телма. Ќе остават, од Министерството сами да ги изготват, доколку имаат волја за тоа. Инсистираат, во законот да се вметнат забелешките на правниците од јавната дебата.
Од опозицијата не веруваат дека власта ќе обезбеди двотретинско мнозинство без нив. Сметаат дека целта им е законот само да влезе во собраниска процедура, за да можат после да го користат во предизборната кампања. Од СДСМ, пак, велат дека, има шанси законот да се донесе пред распуштањето на Парламентот.
Денеска и министерката Рената Дескоска им испрати писмо на ВМРО-ДПМНЕ. Им порача, ако мислат дека има потреба од измени на текстот на законот, да се посветат на подготовка на амандмани. Само така, вели, ќе покажат дека се подготвени да ги стават интересите на евроинтеграцијата пред личните интереси на обвиниетите и осомничените криминалци од нивните редови. За утре е закажана нова средба на работните групи.
Далиборка Демјанска Цветановска