Утре ќе се распише референдумот

Референдумското прашање останува исто како што го најави Премиерот Заев „Дали сте за членство во НАТО и ЕУ со прифаќање на Договорот меѓу Македонија и Грција“. Во предлогот што ќе го достави пратеничката група на СДСМ  ќе биде наведен и датумот на одржување на референдумот 30 септември.  СДСМ  веќе ги собира потписите и очекуваат подршка од 72 пратеници, вклучувајќи ги сите парламентарни партии на Албанците. Подготвени се да тргнат во кампања и без ВМРО ДПМНЕ. Високи партиски извори од владејачкото мнозинство за Телма велат дека шансите за договор со ВМРО ДПМНЕ се многу мали и нема никакво помесување од досегашните позиции. Премиерот Заев и Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и натаму се на телефонска линија . Се остава простор да се види како ќе се позиционираат во текот на утрешниот ден.  ВМРО ДПМНЕ,  инсистира на прашање со едно значење. Потпретседателот на партијата Александар Николовски во интервју за Радио Слободна Европа вели дека  прашањето што го соопшти Заев е манипулативно и тие нема да го подржат. Не се произјаснува како ќе дејствуваат дали ќе излезат на референдум или ќе повикаат на бојкот.

Собраниските служби веќе се подготвуваат за утрешната седница на која треба да се донесе одлука за распишување на референдумот. Претходно ќе има координација на пратеничките групи. Вмро Дпмне мора да одлучи дали ќе повика на излезност или не. Сите имаме  своја одговорност со која ќе треба да продложиме да живееме.За жал можат да направат штета на европската и евроатланската иднина на државата. Очигледно е дека има шанси тоа и да се случи вели висок владин функционер.

 

Јулијана Лефковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ