
Усвоена Стратегија за едно општество и интеркултурализам
Владата ја усвои Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам. Документот има и Акциски план, со цел унапредување на состојбите на еднаквост, правичност, инклузивност и вклучување во општествените текови на разни идентитетски, полови, културни, етнички заедници, како и ранливите и маргинализираните категории граѓани. Стратегијата е резултат на потребите, пропишани со Охридскиот рамковен договор од 2015 и со Љубљанскиот процес од 2012 година, беше речено на денешната прес конференција во Владата.
- Нациналната стратегија е стратешки документ кој ги идентификува темелните одредници , врз основа на кои ќе бидат иницирани активности за зајакнување на процесите на комуникација и соработка помеѓу заедниците, во насока на закакнување на концептот на едно општество за сите, рече Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспората.
- Стратегијата е поделена во 7 области. Тие се од аспект на правна рамка- правниот систем. Потоа- образованието, младите, културата, локалната самоуправа и медиумите. И она што се нарекува социјална кохезија, која е интегративно ткиво што треба сите овие промени да ги направи, вели Роберт Алаѓозовски, национален координатор за култура во владата на РСМ.