Усвоен првиот нацрт-амандман

Со 67 гласа ЗА, изгласан е првиот нацрт амандман од Уставот. Против гласаа 23, а воздржани 4. Повеќето пријавени за овој амандман се откажаа од дискусија, а најмногу бура предизвика репликата на министерот за надворешни Димитров, кој рече дека сме нација со комплекс што мора да си ги бара корените 2.000 години наназад. По ова ВМРО ДПМНЕ бараа извинување до целиот народ, но не го добија.

Со првиот амандман се предвидува во Уставот зборовите „Република Македонија“ да се заменат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во членот 36, кој има историски апсект и се однесува на “посебните социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија”.

Во моментов тече расправата за вториот амандман.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ