
Усвоен и последниот амандман за промена на Уставот – на 1 декември ќе се најдат пред пратениците
Со девет гласа „за“ и пет „против“ Комисијата за уставни прашања го усвои и последниот предлог амандаман за промена на Уставот. Амандманот се однесува на член 49 од Уставот за грижа за македонскиот народ во соседните држави, кој преформулира во грижа за културното и историското наследство на македoнскиот народ во странство, грижа за правата и интересите на македонските државјани во странство, но и немешање во сувереното право и внатрешни прашања на други држави.
Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се спртивставија на ова велејќи дека со ова Македонија се откажува од своето малцинство во Грција. За Илија Димовски со Договорот за името и амндманите на Уставот Македонија е далеку од зтворање на сите прашања со Грција која може по прашањето на идентитет допрва да прави проблеми.
„Суштински не сме дојдени во фаза Грција да ни признае засебен македонски национален идентитет. Да велат, имате право на самоопределување, но не велкат имате право дa бидете Македoнци“, рече Илија Димовски, пратеник од ВМРО- ДПМНЕ
За пратениците албанските опозициски партии, амандманот ги дискирминира Албанците бидејќи тие не се дел од македонскиот народ, а не им е прифатлива ниту формулацијата македонски државјани во странство.
„Кој ќе ги заштити културнот-историското наследство на Албанците од Македонија“, праша Сурија Рашити, Алијанса за Албанците.
Имаше и предлог во амандаманот да се вметне освне грижа за културното и историкото наследство и грижа за идентитето на македонскиот народ во странство.
Одговор на забелешките стигна лично од премиерот Заев, кој го образложи амандманот како дополнителна гаранција во уставот за заштита на македонскиот идентитет.
„Мислам дека треба да имаме разбирање, прашањето како тоа државата води грижа за сите свои граѓани подеднакво кои што живеат и работат надвор од државата…. Прашањето за иденитетот, така како што јас го знам, но го потврдуваат и експертите, велат дека тоа е прашање кое што се потврдува со јазикот, историското и културното наследство“, изјави Зоран Заев, премиер на Македонија.
Во расправата се вклучија и пратениците од новата пратеничка група на опозицијата на чиј предлог е амандманот. За нив не е битно само да се направат амандмански измени, туку и како ќе се одвива процесот на спроведување во пракса на заштитата на културното и историското наследство. Координаторката на пратеничка група Елизабета Канческа Милеска и покрај дадената поддршка за отворање на уставните измени му порача на Заев дека мора да работи на создавање национален консензус.
„Грешно беше воден процесот. Ние требаше да се потрудиме да постигнеме консензус по ова прашање. Успехот ќе беше за сите нас од поголема вредност ако постигневме консезус. Не е крај на овој процес, напротив, треба владата, бидејќи го турка овој процес да се заложи во овој период да се обиде да постигне национален консензус по ова прашање“, рече Елизабета Канческа Милевска, координатор на новата опозициска пратеничка група.
Комисијата за уставни прашања по усвојувањето и на последниот предлог-амандмани узвои заклучок со кој откако амндамните ќе бидат усвоени на пленарната седница, за нив да биде отворан јавна дебата во траење од пет дена, на што остро се спротивсктави поранешниот собраниски спикер, Трајко Велјановски.
„Кажете му на Талат Џафери 24 часа нека биде јавната дискусија. Пет дена јавна дискусија. Засрамете се“, им порача Трајко Велјановски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Пленарната седница на Собранието на која ќе се расправа за уставните амндамни е закажана за 1 декември.
Тамара Грнчаровска