
„Уставно“ кафе на премиерот Заев со Јанчев и Тодоров
Едниот е исклучен од ВМРО-ДПМНЕ, а другиот од партиските тела, но премиерот се уште верува во нивните врски со пратениците. Викендов ги покани Никола Тодоров и Митко Јанчев на кафе во Струмица и од нив побара да убедат уште некој опозициски пратеник да гласа „за“ уставните измени. Во иста минута негираше и потврди дека вистинската тема на нивниот разговор биле уставните измени.
Веднаш потоа, на нашето прашање, дали верува дека тие двајцата се уште имаат влијание врз пратениците, премиерот потврди.
Заев верува дека Тодоров и Јанчев можат да охрабрат уште неколкумина пратеници што се двоумат да гласаат за уставните измени. Средбата ја потврди и Јанчев. Но, вели дека разговарале за помирувањето, што е од национален интерес.
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска не сакаа да ја коментираат средбата, ниту очекувањата на премиерот дека и други нивни пратеници ќе гласаат спротивно на партискиот став.
Далиборка Дамјанска Цветановска