
Уставниот суд мета на жестоки реакции, најгласни нивните колеги
Необјасниво е зошто уставниот суд не ги раздвои иницијативите и одлучи да ја запре постапката за кратење на платата на сите именувани функционери, вели универзитетскиот професор Борче Давитковски. За судиите можеше да одлучува посебниот судски буџетски совет, а не во ист кош да се стават сите избрани функционери.
Политичка, а не уставна е одлуката на највиоскиот суд да си ги зачува платите во време на пандемија. Очигледно е дека се воделе според нивниот личен интерес, оценува адвокатот Александар Тортевски.
До сега само една судијка јавно се спротистави на ставот на нејзините колеги дека платите треба да останат по полн износ наредните 2 месеци.
Судии, одлучува за судии, но според државната комисија за спречување корупција нема судир на интереси.
„Уставниот суд е единствен орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста и одлучува за согласноста на законите со Уставот и согласноста на другите прописи и колективни договори со Уставот, сметаме дека во овој случај не е надвладеан личниот интерес во вршењето на службената должност“
Без коментар остана и министерката за финансии Нина Ангеловска, а неофицијално е дека владата брзо ќе одговори со нова уредба со оглед дека главниот владин аргумент за кратењето беше намалениот обем на работа на повеќе од 2000 именувани функционери, пратеници, судии, обвинители и директори.
Единствено пред уставниот суд уредбата ја оспори здружението на судии, а на истата уредба реагирало со иницијатива и едно физичко лице.
Останатите функционери најавија дека платите своеволно ќе ги донираат платите на посебната сметка за борба против панедемијата
Павле Беловски