
Уставниот суд ќе одлучува дали да се плаќа парното што не се користи
Уставниот суд денеска ќе ја разгледува иницијативата за оценување на уставноста на членот 66, од правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од регулаторната комисија за енергетика, со кој всушност беше воведена обврска граѓаните кои не користат парно, да плаќаат надоместок.
Овој проблем, сепак, не е ставен во новиот предлог закон за енергетика. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека тоа прашање ќе се реши преку правилникот на регулаторната комисија за енергетика, кој ќе биде изготвен со носењето на законот, а ќе зависи од одлуката на уставниот суд.
Од здружението на граѓани исклучени од парно очекуваат новата влада да остане на своето ветување, доколку тоа не се случи, ова прашање ќе го покренат пред пратениците во собранието.