Уставниот суд ќе мора да го оценува Законот за употреба на јазиците

Професорката Гордана Сиљановска Давкова и поранешната судијка Mаргарита Цаца Николовска, во вечерашната Топ Тема на Ваша страна се согласија дека доколку законот за употреба на јазиците биде изгласан, мора да биде оценуван од Уставниот суд.

Сиљановска Давкова смета дека Собранието е законодавен дом, а не и институција која е предвидена да оценува уставноста на законите. Николовска пак е на ставот дека ветото на претседателот е според уставот бидејќи тој своите надлежности ги влече од уставот и во рамките на уставот.

Според процедурата, доколку го изгласаат законот, претседателот Иванов ќе мора да го потпише указот бидејќи нема право по втор пат да стави вето.

„Пратениците ги имаат во предвид укажувањата на Претседателот“, рече Николовска.

Тие имаа забелешки на начинот на кој се носи законот, транспарентноста и казните предвидени во него. Самиот превез на европско знаме, но и скратената постапка при носењето на овој закон се доволна причина за импичмент на спикерот Џафери.

Сиљановска и Николовска имаа различни ставови околу поднесените амандмани на опозицијата, но се согласија дека најавите на Владата дека Законот ќе се достави до Венецијанската комисија откако ќе биде усвоен се погрешни и оти тоа требало досега да биде сторено.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ