
Уставен суд оценува дел од уредбите донесени за време на вонредната состојба
Уставниот суд во моментов расправа за владините уредби со кои требаше да се скратат платите на судиите, на обвинителите и на функционерите.
Се разгледуваат неколку иницијативи, поднесени за оценување на уставноста на дел од уредбите кои беа донесени за време на вонредната состојба.
Една од иницијативите е поднесена од судиите и со неа ја спорат како неуставна одлуката на владата, за месеците април и мај да земат плата од 14.500 денари. Се разгледува и иницијативата за уставноста на уредбата за исплата на платите на вработените во СЈО.
Меѓу оспорените е и уредбата за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба, како и уредбите за примена на законот за буџетите, законот за работни односи и законот за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба.