Уставен одлучува по иницијативите за одлуката за референдумот

Од денешната седница на Уставниот суд ќе зависи судбината на референдумот за договорот со Грција кој треба да се одржи на 30 септември.

Иницијативи поднесоа партијата „Левица“ и  Светскиот македонски конгрес, со кои се бара поништување на одлуката за рефередум и времено да бидат стопирани активноситите поврзани со референдумот. Подносителите сметаат дека одлука за референдумот не е во согласност со Уставот, Законот за референдум и, како и со воспоставените европски стандарди и добри референдумски практики утврдени од страна на Венецијанската комисија. Тие бараат Уставниот суд целосно да ја поништи одлуката за референдум, а доколку одлуката ја донесе по референдумот, тогаш да ги поништи резултатите.

Иницијативата за оспорување на одлуката за распишување на референдум, според поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, е обид за уривање на државата.

Судот може да ја прифати или отфрли иницијативата, или пак, да прогласи за ненадлежен. Известител е судијката Елена Гошева и неофицијално, таа во рефератот предлага Уставниот суд да поведе постапка за преисптување на уставноста на одлуката и воведување времени мерки, што значи прекинување на сите подготовки за спроведување на референдумот, активностите на ДИК, на Владата, на Собранието и целата кампања.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ