
Условно отворање на преговорите на Македонија со ЕУ во јуни 2019 година
Можно е условно отворање на преговори на Македонија со ЕУ во јуни 2019 година. Советот на ЕУ препорачува можно отворање на преговори за членство во јуни 2019 под четири услови: спроведување на итните реформски приоритети, спроведување на договорот за името, позитивен извештај на Европската Комисија и одлука на Советот на ЕУ.
Отворање на преговорите за Македонија е условено и со постигнување напредок во реформите.
Европскиот комесар за проширување на Европската Унија, на Твитер изрази задовоство што Албанија и Македонија сепак ќе започнат пристапни преговори за членство во ЕУ во јуни следната година.
„Драго ми е што Европскиот совет го осветли патот кон проширувањето, особено за Албанија и идната Северна Македонија, после долга дебата. Патот кон отворањето на пристапните преговори во јуни 2019 е јасен. Клучен сигнал за регионот дека прогресот е награден, и круцијален за кредибилитетот на ЕУ“, напиша Хан на неговиот Твитер профил.