
Условна казна од една година за неврохирургот Чапаровски
Поранешниот директор на Клиниката за неврохирургија во Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ Александар Чапаровски денеска на првото судско рочиште призна вина и доби условна казна од една година, која нема да се изврши доколку во следните две години не стори ново кривично дело.
Чапаровски во мај минатата година беше пријавен за примање поткуп. При извршениот претрес во неговата работна канцеларија и во неговиот дом беа пронајдени поголема сума денари и девизи.
Чапаровски беше приведен и помина 13 дена во притвор. Потоа судија на претходна постапка му го укина притворот и тој беше пуштен со гаранција да се брани од слобода.