Уште три медицинска лица заболени од Ковид-19 во болницата „Плодност“ во Битола

Уште три лица од приватната гинеколошко акушерска болница „Плодност“ во Битола  се позитивни на Ковид-19. Станува збор за анестезиолог, гинеколог и една медицинска сестра, со што вкупно во „Плодност“ четворица здравствени работници се заразени со вирусот. Првиот регистриран случај во Битола, беше гинеколог од оваа болница. Министерството за здравство потврди за уште двајца заболени, но, дирекорот на „Плодност“ др Таше Трпчевски, утрово соопшти  дека не уште двајца, туку уште тројца од перосналот се позитвни на Ковид-19, затоа што меѓу нив е и еден лекар од Прилеп.

Анестезиологот и медицинската анестезиолошка сестра пред три дена само еден ден имаа температура и блага кашлица. Јас побарав да им се земат брисеви. Сакам да се земат брисеви од сите вработени, но проценка прави Институтот за јавно здравје. Барав и за гинекологот кој е од Прилеп, а е кај нас вработен, заради тоа што има епидемиолошка анамнеза. Тој е позитивен (вчера попладне ми ја даде информацијата) и е асимптоматски носител. Тие се најопасните како сите вие кои што не знаете можеби дали сте таков носител, напиша Таше Трпчевски, директор на болницата Плодност од Битола.

Трпчевски апелира на  масовно тестирање на населението за да се откријат асимптоматските носители на вирусот.

Инаку засеа во Битола има  вкупно четорица позитивни на Ковид-19. Негативен на коронавирус е резултатот  од битолчанецот кој во понеделникот беше пронајден мртов во неговиот стан, соопштија од  Министерството за здравство.  Нему му беше земен брис затоа што  почина претпоследниот ден од двонеделната самоизолација по неговото патување во странтсво.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ