Уште не се знае кога приватните компании ќе добијат надомест за чувањето на нафтените резерви

Се уште нема точна информација кога ќе биде донесена Уредбата со која државата конечно треба да почне да им плаќа на приватните компании што ги чуваат државните нафтени резерви. По шест месеци анализи, министерот Тевдовски сега вели дека уредбата ќе биде донесена дури до крајот на годинава, иако интенција на Владата била тоа да се случи што побрзо. Неодамна вицепремиерот Анѓушев рече дека уште во октомври лани го овластиле министерот Тевдовски да ја подготви уредбата. Имаше реакции и од Европската енергетска заедница, која на Владата децидно и порача дека треба навремено да ги подмирува долговите кон складиштарите кои се чувари на резервите со нафта. Засега земјава е единствената во која не се плаќа за чувањето на резервите, туку на фирмите им се дозволува да користат 30 отсто од резервите, со што тие не се согласуваат. Граѓаните со секој купен литар гориво и плаќаат на државата за нафтените резерви, и по оваа основа таа годишно собира по околу осум милиони евра, па се поставува прашањето каде завршуваат тие пари. Според проценките, приватните компании годишно трошат по три до четири милиони евра за чување на резервите во своите резервоари.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ