
Уште една жртва во сообраќајната несреќа, почина 39-годишен маж
39 годишен маж, еден од тешко повредените патници кај Ласкарци, утрово почина на Клиниката за интензивно лекување во Скопје. Со тоа бројот на жртвите во несреќата се зголеми на 15.
- Пациентот е примен меѓу првите пациенти кои се донесени тука на клиника. Истиот пациент 39 годишниот е опериран во првите четири сали кои ги отворивме во текот на настанот. Заради сериозноста на повредата следниот ден е повторно ревидиран и направено е хемостаза и обид за да се спречи тешкото згмечување и крварење на белиот дроб. После интензивен оперативен третман на пациентот денеска во раните утрински часови за жал пациентот им подлегна на повредите и не можеше да се бори повеќе со сериозните повреди, изјави д- р Илир Хасани, директор на Ургентен центар.
На Клинички се лекуваат 6 пациенти, четворица се на КАРИЛ, двајца од нив се стабилни, а двајца во критична состојба.
- Денеска на оваа клиника се сместени 4 пациенти кои имаат сериозни повреди, информиравме за девојката и состојбата со неа после хируршката интервенција и тројцата пациенти кои се во серизна и тешка состојба, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Во Градската болница „8 септември“ каде беа хоспитализарни најмногу повредени во автобуската несреќа четворица пациенти се на одделот за интензивно лекување и се во критична состојба.
- Двајца се на механичка вентилација, тие истите пациенти кои беа уште на самиот почеток кога ги донесоа, тие се со приоритетни неуро трауми, односно политрауматизирани, додека другите двајца се на опсервација и кај нив пред два дена е направена оперативна интервенција на стомачната шуплина, изјави д- р Христијан Костов, директор на ГОБ „8 септември“
Медицинските екипи прават се за да се подобри состојбата на повредените патници,за кои лекарите велат дека кај нив се дијагностицирани повреди на повеќе органи. Три дена по стравотната автобуска несреќа во градската болница се лекуваат 19 пациенти.
Нина Стефанова